Дома Здравје Ова растение го спасило Александар Македонски

Ова растение го спасило Александар Македонски

59
0

Ова растение го спасило Александар Македонски

Постојат легенди кои му припишуваат речиси чудотворни моќи на растението алое вера. Според традицијата, ова растение не само што лекувало рани и сериозни болести, туку еднаш го спасило и животот на Александар Велики Макодонски.
Како природен еликсир, алоето е познато меѓу воените водачи, исцелителите и мудреците со векови, а неговите лековити својства станале дел од митовите што се пренесувале од генерација на генерација. Еден таков мит го поврзува најголемиот освојувач на античкиот свет со ова необично растение, симбол на сила, обнова и бесмртност.

За време на опсадата на Газа во 330 година п.н.е., војсководецот Александар Макодонски бил сериозно ранет од стрела.

Додека го продолжувал своето патување низ Египет и Либија, неговата состојба значително се влошила. Раната се инфицирала и тој чувствувал ужасни болки.

На пат кон Персија, Александар Велики застанал во оазата Сива. Свештеник испратен од учителот на Александар, Аристотел, набрзо пристигнал во оазата. Свештеникот донел со себе гел од алое вера од островот Сокотра во Јемен. Со нанесување на ова чудотворно растение, раната брзо целосно заздравела.

Легендата понатаму вели дека Аристотел го советувал Александар да се впушти во експедиција и да го освои островот Сокотра во Арапското Море. Бидејќи островот во тоа време бил расадник на алое вера, познатиот генерал успеал да обезбеди доволно количество од ова чудотворно растение за целата војска.

Луѓето подоцна верувале дека токму алое верата ја направила војската на Александар Макодонски Велики непобедлива.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име