Дома Здравје Не е само здрава замена за кафе: Пет придобивки од чудесната цикорија

Не е само здрава замена за кафе: Пет придобивки од чудесната цикорија

846
0

Во кујната дефинитивно треба да имате корен од цикорија и да го користите и за телото и за душата, бидејќи пијалокот направен од него го подигнува расположението, ја ублажува нервозата и е многу вкусен.

Коренот на цикоријата долго време се користи во готвењето и традиционалната медицина, а особено е популарен како здрава алтернатива на кафето , поради сличната текстура, боја и вкус. Здравствените придобивки се наоѓаат во влакната со кои изобилува коренот на цикоријата, но и во неговиот нутритивен состав – ова растение содржи високи количини на железо, калциум, фолна киселина, магнезиум, цинк, манган и калиум, како и витамини Б6, Ц, К, Е и А.


Анемија
Поголем проблем за жените: Добра и лоша храна за недостаток на железо во крвта
Инулинот природно се наоѓа во многу намирници – како бананите, пченицата и аспарагусот, но високата концентрација на инулин во коренот на цикоријата го прави одличен додаток во исхраната доколку целта ви е да ги изгубите вишокот килограми.

Покрај тоа што ќе ви помогне да изгубите тежина , коренот на цикоријата ќе го намали ризикот од многу болести , но исто така ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје во целина, бидејќи е ефикасен за регулирање на шеќерот во крвта и го намалува лошиот холестерол (благодарение на споменатиот инулин) и го намалува висок крвен притисок . Во продолжение прочитајте за што е добар коренот од цикорија.


Го заштитува здравјето на црниот дроб и жолчката
Студијата објавена во Националната библиотека за медицина покажа дека терапијата со цикорија помага во регенерација на црниот дроб и жолчката и промовира детоксикација. Ја помага и работата на желудникот и дигестивните жлезди и работата на бубрезите.

Смирува
Напиток од корен од цикорија или билно кафе ќе ви помогнат да се смирите. Имено, додека кафето го поттикнува лачењето на кортизол, хормонот на стрес, поради кофеинот, цикоријата, благодарение на хемикалијата ликтицин, го намалува лачењето на истиот. Напитокот од цикорија затоа има релаксирачки ефект и ја ублажува анксиозноста.

Помага при варење
Инулинот е многу важен за правилно варење, а го содржи и цикоријата. Ќе ги ублажи киселините, стомачните проблеми и рефлуксот, но и помага при запек и ја подобрува цревната перисталтика и нивното здравје, бидејќи инулинот делува како пребиотик, односно ги храни добрите бактерии во цревата. Студијата од 2016 година објавена во Националната медицинска библиотека во Европа , спроведена на 44 испитаници со хроничен запек, покажа дека редовното консумирање цикорија значително ги олеснува нивните поплаки, ја омекнува столицата и го подобрува варењето.


Ја одржува телесната тежина
Влакната од корените на цикоријата го регулираат апетитот делувајќи на лачењето на грелин, хормонот на гладот. Студијата која траела 12 недели и била спроведена на 48 лица со прекумерна тежина, покажала дека консумирањето на 21 грам олигофруктоза добиена од цикорија дневно резултира со значително намалување на телесната тежина, пишува порталот Healthline.

Помага при артритис
Коренот на цикоријата долго време се користи како средство за ублажување на болката, а е исклучително ефикасен при артритис. Има силно антиинфламаторно и седативно дејство и ги опушта мускулите.

Одлично е што коренот на цикоријата многу лесно се вклучува во исхраната. Направете си пијалок од ова здраво растение секој ден и уживајте во неговата арома, како и неговите здравствени придобивки. Ќе го зготвите така што на два до три децилитри ладна вода ќе додадете една лажичка корен во прав и ќе ја ставите на шпорет да зоврие, а потоа ќе ја готвите на тивок оган пет минути или помалку. Остатокот оставете го да се таложи и засладете по желба. Напитокот од цикорија не содржи кофеин, но содржи бројни хранливи материи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име