Најдобро го чисти црниот дроб, лечи надуеност и ги зајакнува крвните садови – лековитите својства на ова растение се споменати во Библијата и Куранот
Ова растение може да излечи сè што го мачи човекот
За да се избегне забуна, ова растение не е поврзано со кимот што го знаеме во нашата кујна и кој сакаме да го посипуваме на ролни.
Имено, станува збор за црн ким (лат. Nigella sativa) со потекло од Југозападна Азија. Семето на ова растение се користи во медицината повеќе од 2000 години, а може да се добие и во форма на масло.
Црниот ким помага кај широк спектар на заболувања: лошо варење, надуеност, ослабен црн дроб, мигрена, разни воспаленија, како и габични, бактериски и вирусни инфекции, а го поттикнува и производството на млеко кај доилки. Ги регулира хормоните, го зајакнува имунитетот, помага при кожни заболувања, ги ублажува симптомите на алергии, ги зајакнува крвните садови…
Неговите лековити својства се споменуваат и во Библијата и во Куранот. Исламскиот пророк Мухамед имал обичај да каже: „Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.