Дома Светски дестинации Најголемиот брод за крстарење во светот се подготвува за своето прво патување...

Најголемиот брод за крстарење во светот се подготвува за своето прво патување (фото)

646
0

По три години изградба, најголемиот светски брод за крстарење конечно ќе заплови со патници на крстарење.

Импресивниот крстосувач Wonder of the Seas, долг 362 метри, беше испорачан на Royal Caribbean минатиот месец, а сега е подготвен да тргне на своето прво патување закажано за 4 март. Крузерот ќе исплови од Форт Лодердејл, Флорида до Карибите.

Станува збор за брод за красарење со 18 палуби изграден во бродоградилиштето Шантиер де л’Атлантик во Сен-Назер, Франција, со капацитет од 6.988 гости и 2.300 членови на екипажот.

Крузерот ќе се користи за петдневни и седумдневни крстарења од Форт Лодердејл, Флорида до Карибите во март, по што ќе следат крстарења по Медитеранот од Барселона и Рим во мај.

Wonder of the Seas се состои од осум „делови“, од кои секој содржи повеќе од 20.000 вистински растенија. Крузерот има, меѓу другото, „најголемиот воден тобоган“, како и зип-лајн и огромен екран покрај базенот.

Крузерот првично требаше да биде испорачан во 2021 година, но тоа беше одложено поради пандемија на коронавирус. Компаниите за крстарење се тешко погодени од пандемијата на коронавирус, а истиот проблем моментално го попречува овој бизнис.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име