Дома Интересно Лавови – Факти кои можеби не сте ги знаеле

Лавови – Факти кои можеби не сте ги знаеле

566
0

Зошто лавовите се нарекуваат „крал на џунглата“ кога всушност не живеат во џунгла, туку живеат во тревни и рамни области на Африка и Азија?

Лавовите живеат во Африка јужно од Сахара и северозападна Индија. Лавовите всушност не живеат во џунгла. Нивното вистинско живеалиште е отворената савана каде што ловат цицачи како газели, антилопи и зебри, а кога се во групи уште поголеми животни. Причината поради која лавовите се нарекуваат „крал на џунглата“ е самиот збор „Џунгла“ кој е дериват на хиндискиот јазик, а на хинди значи диво или ненаселено место.

Неколку факти за лавовите:

Мажјаците секогаш јадат прво, и покрај фактот што во повеќето случаи женките го ловат пленот.

На оддалеченост од 8 километри се слуша рикање на лав.

Најтешкиот лав некогаш снимен тежел 375 килограми.

Лавовите често спијат и до 20 часа на ден.

Лавовите се слични на луѓето по сложеноста на нивното однесување. Имаат софистициран облик на владеење и одредена доза „политика“ во однесувањето.

Во обид да преземат контрола над огромни области, стотици лавови умираат во меѓусебни судири. Друга заедничка работа со луѓето.

По тигрите, лавовите се најголемите мачки во светот.

Лавовите можат да трчаат до 80 километри на час на кратки растојанија.

Лавовите живеат околу 12 години во дивината.

Спијат 20 часа на ден, јадат, пијат и ја бранат својата територија. Во извесна смисла тие навистина имаат живот на кралеви.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име