Дома Интересно Интересни факти за мијачкото село Гари…

Интересни факти за мијачкото село Гари…

1652
0

До селото Гари се стигнува возејќи на патот кон Дебар во западна Македонија. Се скршнува кај месноста Бошков мост и оттука само право, ни лево ни десно. По 9-10 километри влегувате во селото Гари.

Интересни факти:

Гари е старо македонско православно село.

Гари е мијачко село сместено на надморска височина од околу 1100 метри.

Се наведува дека Гари било населено од страна на Мијаците во 1760 година

Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езеро на Стогово.

Низ селото поминува Гарска Река.

Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповски – Гарката.

Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци.

Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име