Дома Нега и убавина Измешајте ги овие 4 состојки и кажете и збогум на слабата и...

Измешајте ги овие 4 состојки и кажете и збогум на слабата и кршлива коса: Спасот е во оваа маска! (РЕЦЕПТ)

650
0

Оваа маска може значително да ја подобри состојбата на косата…

Честото боење или миење на косата, како и надворешни влијанија како што се ветер, прашина, сето тоа влијае на косата и ја прави послаба и без сјај. Косата, особено во зима, бара побогата нега. Секогаш е најдобро да се одлучите за домашни маски кои ќе ја обноват и ќе го забрзаат растот.

Оваа маска може значително да го забрза растот, а главната состојка е темното пиво.

Темното пиво содржи шеќер, хмељ, квасец и витамини од групата Б во големи количини. Исто така, содржи минерали како што се железо, калиум, магнезиум, фосфор и бакар. Сите овие витамини и минерали ја зајакнуваат косата, спречуваат кршење на косата, го враќаат сјајот и пред сè, го забрзуваат растот.

Медот има голема количина на хранливи материи и витамини Е, К, Ц, Б1, Б2 и Б6.

Постојат многу причини да ја испробате оваа маска.

Потребни состојки:

Половина банана,

1 жолчка од јајце,

1 лажица мед,

Половина чаша темно пиво,

Подготовка и примена:

Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не добиете мазна смеса. Маската се нанесува на чиста, влажна коса. Пожелно е да се остави на косата околу еден час за да дејствува длабоко. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име