Дома Психолошки совети Еве зошто треба да престанете да се споредувате со другите…

Еве зошто треба да престанете да се споредувате со другите…

613
0


Споредувањето на себе си со другите сигурно нема да направи да се чувствувате позадоволни од себе. Секогаш ќе најдете некој кој е попаметен, поуспешен, подосетлив, по духовит, поубав од вас, што ќе направи да се чувствувате лошо во вашата кожа. Споредувањето на себе си со другите исто така може да предизвика депресија, затоа еве неколку причини зошто воопшто не треба да го правите тоа.
Критикување на другите – Колку помалку ги критикувате другите, толку помалку ќе се критикувате себеси. Наместо да гледате само негативни карактеристики, обидете се да видите нешто добро кај секого. Набудувајте се на ист начин – издвојте ги своите доблести и бидете горди на нив.
Ничиј живот не е совршен – Можеби се чувствувате како сите други да се среќни затоа што постојано ги гледате како се смеат, но како можете да бидете сигурни дека насмевката не е само маска? Не можете да знаете што се крие под површината, и ако ги идеализирате другите, веројатно мислите дека никогаш нема да бидете такви. Во исто време, заборавате дека сите имаме проблеми и дека животот на никој не е совршен.
Споредете се – Наместо постојано да гледате што прават другите, посветете се. Споредете го вашето минато и сегашност за да бидете сигурни дека сте се промениле, сте напредувале, дека сте созреале. Овој вид споредба ќе направи да се чувствувате посреќно и позадоволно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име