Дома Здравје Дали пиете минерална вода? Клучот е во умереноста!

Дали пиете минерална вода? Клучот е во умереноста!

1023
0

Сите сакаат газирани пијалоци исто така и газирана вода. Постојат неколку причини да внимавате…

Често слушате податоци за тоа колку вода треба да пиете на дневна основа и горе-долу сите се согласуваат дека шест до осум чаши се минималната количина која му е потребна на телото за нормално функционирање. Секако, многу луѓе претпочитаат газирана вода и често ја избираат како напиток за хидратација, а тоа го поткрепува и мислењето дека газираната вода ќе го подобри метаболизмот и варењето. Но, честото консумирање можеби не е најдобрата идеја како што покажуваат неодамнешните истражувања.

Палестинските истражувачи од Универзитетот Бирзеит во Рамала открија дека газираната вода влијае на рамнотежата на хормоните и предизвикува чувство на глад, а особено влијае на хормонот грелин, кој уште се нарекува и хормон на гладот ​​(одговорен за зголемен глад). Покрај тоа, прекумерната потрошувачка на газирана вода има негативен ефект врз вашиот црн дроб, кој складира повеќе масти поради зголемениот внес на CO2.

Се разбира, како и за сите други работи во животот, клучот е во умереноста, затоа не дозволувајте минералната вода да стане замена за обичната вода која сепак е најздравата течност што можете да ја консумирате без никаков страв.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име