Дома Здравје ВНИМАВАЈТЕ: Оваа група на луѓе НЕ ТРЕБА ДА ПИЈАТ КАФЕ

ВНИМАВАЈТЕ: Оваа група на луѓе НЕ ТРЕБА ДА ПИЈАТ КАФЕ

5675
0

Кафето во некои случаи е добро за здравјето, но за одредени групи луѓе може да има повеќе негативни отколку позитивни несакани ефекти.

Нутриционистите открија кои луѓе треба да прескокнуваат да пијат кафе.

Луѓе со синдром на нервозно дебело црево

Кафето може да ни помогне да имаме редовни празнења на дебелото црево, но ги зголемува и шансите за дијареа, која е главен симптом на синдром на нервозно дебело црево. Затоа, доколку ја имате оваа состојба, се препорачува да го ограничите или целосно да го избегнете кафето.

Луѓе со глауком

Според резултатите од едно неодамнешно истражување, интраокуларниот притисок кај лицата со глауком се зголемува кога консумираат кафе, па затоа се препорачува ограничување и избегнување на консумирањето на тој пијалок, но потребни се дополнителни истражувања на оваа тема.

Луѓе со хиперактивен мочен меур

Диететичарот Сју Хеикинен вели дека внесот на кофеин може да ја зголеми зачестеноста и итноста на мокрењето. Затоа е добро да го избегнувате кафето пред долгите патувања.

Луѓе со проблеми со срцето

Бидејќи кофеинот може да предизвика привремено зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето, важно е секој со постоечка срцева болест да разговара со својот лекар за тоа дали и колку кафе е безбедно за пиење.

Бремени жени

Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија препорачува бремените жени да го ограничат кофеинот за да го намалат ризикот од спонтан абортус, предвремено раѓање и бебиња со мала тежина. Тоа би значело дека трудниците не треба да консумираат повеќе од две шолји кафе дневно.

Доилки

Бидејќи кофеинот е стимуланс и диуретик, постои загриженост дека доичката може да биде изложена на ризик од дехидрација. Американското здружение за бремени жени сугерира да избегнувате кофеин колку што е можно за време на бременоста и доењето.

Луѓе со нарушувања на спиењето

Посегнуваме по кафе кога сакаме повеќе енергија. Влијае на квалитетот на сонот, што значи дека треба да се избегнува најмалку шест часа пред спиење.

Луѓе со анксиозност или склоност кон напади на паника

„Кофеинот е стимуланс кој може да ја влоши анксиозноста кај некои луѓе “, вели диететичарот Кели Мекгрејн. „Ако редовно доживувате анксиозност или напади на паника, размислете за избегнување или намалување на внесот на кафе“, предупреди таа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име