Дома Нега и убавина Вклучете ги овие витамини во вашата исхрана и повеќе нема да страдате...

Вклучете ги овие витамини во вашата исхрана и повеќе нема да страдате од слаби нокти

1020
0

Постојат одредени витамини кои се неопходни за одржување на ноктите силни и здрави, а кои можете да ги внесете преку исхраната. Меѓутоа, ако вашите нокти се екстремно оштетени, размислете за земање додатоци.

Изгледот на ноктите може да ни каже многу за нашето здравје и за внесот на хранливи материи. Така, одреден недостаток може да се појави во форма на точки, цртички или промена на бојата на ноктите.

Многу е важно да ги забележите промените на ноктите за да можете соодветно да дејствувате и да ги внесувате витамините кои му се потребни на вашето тело.

Внимавањето на изгледот и промените во ноктите и урамнотежената исхрана со акцент на храната која благотворно делува на ноктите ќе придонесе да имате здрави, сјајни и силни нокти.

Не само што вашите нокти ќе изгледаат убаво, туку ќе го покажат и вашето внатрешно здравје.

Три од петте витамини кои мора да ги консумирате за здрави и убави нокти се биотин, железо и витамин Ц.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име