Дома Психолошки совети Вештачките засладувачи предизвикуваат пад на когнитивните способности

Вештачките засладувачи предизвикуваат пад на когнитивните способности

804
0

Според новото шпанско истражување, вештачките засладувачи предизвикуваат слабеење на метаболизмот и оксидативниот стрес, а со тоа го влошуваат падот на когнитивните способности.

Целта на оваа студија беше да се испита влијанието на падот на исхраната во когнитивните способности , во контекст на цревната микробиота и метаболизмот. Студијата ја спроведоа научници од Универзитетот во Барселона, а учествуваа 418 испитаници од францускиот град Бордо и 424 испитаници од францускиот град Дижон. Сите испитаници беа постари и беа поделени во две групи, интервентна и контролна.

Резултатите од студијата покажаа дека одредени метаболити играат клучна улога во развојот на когнитивни нарушувања и деменција . Односно, за секоја храна постои биомаркер кој е позитивно или негативно поврзан со когнитивниот пад.

Биомаркерите за какаото и кафето (2 – фуроилглицин и 3 – метилантин) имаат заштитна улога, додека сахаринот и масните киселини, од вештачките засладувачи, имаат негативно влијание.

Биомаркерот за алкохол (етил сулфат) е поврзан со зголемен ризик од развој на когнитивно опаѓање, иако црвеното вино се покажало дека игра заштитна улога. Исто така, резултатите од студијата покажаа дека фенолните компоненти од кафето, какаото, печурките, јаболката, портокалите, боровинките, калинките и зелениот чај имаат заштитен ефект врз невролошката функција . Понатаму, забележана е поврзаност помеѓу потрошувачката на комерцијални сокови од цитрус и зголемен ризик од развој на когнитивно опаѓање , иако потрошувачката на свежо цитрусно овошје има корисни ефекти.

Како заклучок, високиот внес на овошје, зеленчук и храна од растително потекло обезбедува извор на полифеноли и други биоактивни состојки, што може да го намали ризикот од когнитивно опаѓање предизвикано од стареењето.

Извор: Molecular Nutrition & Food Research

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име