Ќофтиња од тиквички какви што никогаш не сте пробале
Ќофтињата од тиквички се подготвуваат веднаш по работа, а ве освојуваат со вкус. Домаќинките ќе ги обожаваат, бидејќи не ви требаат многу пари за овој ручек.
Петровденскиот пост е во тек, а ќофтињата од тиквички се одличен избор, бидејќи се подготвуваат веднаш по работа. Можете да ги послужите со компири, ориз или грашок и слободно да бидете имагинативни со зачините. Дополнителен плус е што за овој ручек ви се потребни околу 250 денари .
Состојки:
3 тиквички
4 млади кромидчиња
4 чешниња лук
1/2 глава лук
6 лажици гриз
6 лажици брашно
1 лажичка сушени зачини
1 лажичка сол
1/2 лажичка пипер
листови од магдонос по вкус
Подготовка:
Излупете ги и добро измијте ги тиквичките, потоа изрендајте ги, посолете ги по вкус и ставете ги во сад или на плех обложен со хартиени крпи за да се впие вишокот течност. Оставете ги да отстојат најмалку 20 минути.
Кога ќе ја испуштат водата, исцедете ги тиквичките уште малку со раце, потоа додадете исечкан зеленчук и ситно сечкан магдонос. Сè добро измешајте.
Додадете брашно, гриз и зачини, па измешајте.
Со лажица извадете ја смесата за ќофтиња, обликувајте ги со раце и пржете ги во врело масло.
Кога ќе бидат готови, наредете ги ќофтињата на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.