Дома Здравје Храна против стрес

Храна против стрес

857
0



Следниот пат кога ќе се чувствувате лошо или под стрес, посегнете по оваа храна и сите проблеми ќе исчезнат…


Портокали

Едно германско истражување покажа дека витаминот Ц го намалува стресот, го враќа крвниот притисок во нормала и го намалува нивото на кортизол, а истовремено прави чуда за имунолошкиот систем.

Сладок компир

Слаткиот компир е добар за ослободување од стресот бидејќи со еден удар убива две мушички – ја задоволува потребата од јаглехидрати и нешто слатко, а полн е со разни витамини.

Суви кајсии

Тие се богати со магнезиум, кој е природен непријател на стресот, а помага и за опуштање на мускулите.

Бадеми, ф’стаци и ореви

Бадемите се полни со витамини Б и Е кои го помагаат имунолошкиот систем, а ф’стаците и оревите помагаат во намалување на крвниот притисок.

Мисиркино месо

Подгответе го на каков било начин бидејќи содржи аминокиселина Л-триптофан која го поттикнува лачењето на серотонин со што автоматски сме посреќни, а докажано и смирувачко дејство. Ова е причината зошто многу луѓе се чувствуваат посреќни, па дури и уморни после оброк со мисирки.

Спанаќ

Недостатокот на магнезиум може да доведе до главоболки и замор, а само една чинија спанаќ содржи 40% од дневните потреби на магнезиум.

Лосос

Исхраната богата со омега-3 масни киселини штити од срцев удар, но и спречува прекумерни и нагли скокови на кортизол и адреналин.

Авокадо

Студијата на Националниот институт за срце, бели дробови и крв покажа дека еден од најдобрите начини за нормализирање на крвниот притисок е да се консумира доволно калиум, кој го има во изобилство во ова овошје, три пати повеќе отколку во бананите.

Зелените

Брокулата, кељот и другиот зелен зеленчук се полни со витамини кои го зајакнуваат нашето тело во време на стрес.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име