Дома Здравје Храна која штити од настинка

Храна која штити од настинка

684
0

Користете храна богата со витамини кои ќе го зајакнат вашиот имунитет
Шолја сечкана сирова црвена пиперка ќе ви обезбеди 291 отсто од дневните потреби за витамин Ц

Најдобар начин да внесете витамини во вашето тело и да се заштитите од вирусот е да јадете здрава , храна богата со витамини кои во голема мера ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем. Еве што треба да вклучите во вашето зимско мени.

Спанаќ – Една чаша варен спанаќ ќе ви даде 377 отсто од дневните потреби за витамини, 30 отсто од витамин Ц, 20 отсто од витамин Е и 15 отсто од цинк.

Семки од сончоглед – Само три лажици од овие вкусни закуски обезбедуваат 90 проценти од вашата дневна потреба за витамин Е. Додајте една лажица семки во јогурт или салата за да го подигнете нивото на витамини во телото и да го зајакнете имунолошкиот систем.

Јагнешко – Само четири грама јагнешко ќе ви дадат дури 50 отсто од дневните потреби за селен и 38 отсто од потребите за цинк.

Црвени пиперки – Шолја сечкани сурови црвени пиперки ќе ви обезбеди 291 отсто од дневните потреби за витамин Ц, што е повеќе од портокалите.

Шампињони – Порција шампињони содржи повеќе од 50 проценти од дневната доза на селен што ви треба и 15 проценти цинк. Можете да ги пржите заедно со сок од домати и да ги послужите со тестенини

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име