Дома Здравје Храна која го штити здравјето на јајниците

Храна која го штити здравјето на јајниците

573
0

Задолжително на менито на секоја жена.

Треба да го знаете ова….

Јајниците се органи кои играат главна улога во процесот на производство и репродукција на јајца. Тие содржат повеќе фоликули, од кои секој може да произведе една зрела јајце клетка, а здравите јајници лачат и полови хормони неопходни за репродуктивното здравје.


На здравјето и функцијата на јајниците влијаат повеќе фактори, вклучително и генетиката, а малку е познато дека и самите можеме да влијаеме на нив – со конзумирање одредени хранливи материи.

Храна богата со витамин А

Овој витамин е исклучително важен за здравјето на јајниците. Во текот на развојот, витаминот А им помага на јајниците да започнат мејоза, а третиноинот, киселата форма на витаминот А, има превентивно дејство врз појавата на рак на јајниците.

Според американските упатства, препорачаниот дневен внес на овој витамин за жените е 700 μg, а за трудниците 770 μg дневно.

Каде го има најмногу? Лосос, црн дроб, туна, сладок компир, диња, морков, пиперка (особено црвена)…

Храна богата со селен

Селенот е есенцијален минерал кој ја активира глутатион пероксидазата, фамилија на ензими кои функционираат како антиоксиданти. Благодарение на ова, селенот ги штити ткивата од оксидативно оштетување, што го намалува ризикот од генетски мутации кои придонесуваат за развој на рак.

Покрај тоа, овој минерал го активира протеинот SEP15, кој исто така се бори против ракот.
Препорачаната дневна доза на селен за жени е 55 μg.

Каде ги има? Месо (говедско, јагнешко, свинско, мисирка, пилешко и црн дроб), морска храна, мешунки, јајца, темно чоколадо, кромид, никулци, спанаќ, сирова брокула, соја…

Храна богата со витамин Ц

Овој витамин е докажано дека ја потиснува патофизиологијата на јајниците кај жени со синдром на полицистични јајници, според истражувањето на нигериските научници во 2019 година. Бидејќи е моќен антиоксиданс, витаминот Ц (аскорбинска киселина) ефикасно делува против оксидативниот стрес, што значи дека е неопходен дел од превенцијата на ракот на јајниците.

Препорачаната дневна доза на витамин Ц е 75 mg за жени.

Каде го има? Агруми, магдонос, црвен пипер, јагоди, лиснат зелен зеленчук…

Храна богата со витамин Е

Витаминот Е (токоферол) ја подобрува функцијата на половите органи кај припадниците на двата пола, ги нормализира хормоните, лачењето на естроген и прогестерон, а за жените кои планираат бременост, важно е да знаат дека витаминот Е придонесува за созревање на ооцитите јајце клетки кои се ослободуваат од јајниците за време на овулацијата.

Дополнително, важно е жената во моментот на зачнувањето да има одредена залиха на витамин Е во телото, бидејќи тоа овозможува безбедно вградување на оплодената јајце клетка и нормален понатамошен развој на ембрионот.

Препорачаната дневна количина на витамин Е за возрасна жена е 8 mg.

Каде? Семки и масло од сончоглед, лешник и неговото масло, бадем и неговото масло, кикирики, месо од гуска, лосос, авокадо, манго, киви…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име