Дома Живот Утре на Велики Четврток пред изгрејсонце се вапсаат првите велигденски јајца…

Утре на Велики Четврток пред изгрејсонце се вапсаат првите велигденски јајца…

206
0


Утре е Велики Четврток, денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапцаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.
– Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто вапцано јајце е за семејството.
– Третото вапцано јајце за бериќет.

Како што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.
Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.
Еве кои се значењата на боите на велигденските јајца:

Црвена – божествена љубов, надеж
Жолта – светло, среќа
Виолетова – надеж и вистина
Кафена – среќа
Бела – чистота, невиност
Портокалова – издржливост и сила
Зелена – раст
Сина – здравје.

Претходна објаваЈоргован омилено пролетно цвеќе со прекрасен мирис…
Следна објаваДенес е Велики четврток, Тајната вечера…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име