Дома Здравје Три природни средства за чистење на црниот дроб

Три природни средства за чистење на црниот дроб

813
0

Црниот дроб е најголемата жлезда во човечкото тело, а ја нарекуваат и „лабораторија на организмот“, бидејќи ги отстранува токсините кои ги внесуваме преку храната, водата и лековите. Ако се појават проблеми со црниот дроб, се јавуваат голем број проблеми. За среќа, можно е да се излечат со билки.

Корен од куркума

Екстрактот од корен од куркума е меѓу најдобрите природни средства за чистење на црниот дроб. Додадете една лажичка куркума во малку крем или сирење и јадете со појадок. За седум дена, вашиот црн дроб ќе се опорави.

Корен од глуварче

Благодарение на танинот, глуварчето го подобрува варењето и го чисти црниот дроб од токсини. Исто така, коренот на глуварчето го одржува оптималното ниво на калиум кој го регулира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Ако имате грчеви во мускулите, земајте пет капки корен од глуварче три пати на ден пред јадење.

Лист од артишок

Листот од артишок е еден од најстарите природни лекови. Го подобрува варењето и ја спречува појавата на замастен црн дроб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име