Дома Живот Три грешки што ги правиме за појадок

Три грешки што ги правиме за појадок

433
0

За да може нашиот организам без проблеми и без пречки да се носи со сите обврски и активности кои го очекуваат во текот на денот, појадокот е неопходен и исклучително важен.

Со оглед на важноста што ја има, не треба да грешиме, туку треба да ги внесуваме во организмот оние материи кои се неопходни за да го „турнеме“ денот. Еве неколку работи кои треба да ги избегнувате.

Пецива од пекара

Знаеме дека најлесната опција, кога наутро немаме време да појадуваме дома, е да „собереме“ пецива во пекара. Сепак, колачите не ни прават услуга за нашето тело. Внесуваме премногу адитиви, сол, масти, шеќер – нема нутритивни вредности што ни се потребни.

Овошни сокови и овошни јогурти

Што и да пишува на пакувањето, купените сокови се полни со шеќер и не треба да го започнуваме денот со нив. Истото важи и за овошните јогурти. Можеби се убаво освежување за утрото, но во никој случај не се здраво решение. Наместо сокови и овошен јогурт, земете свежо овошје како утринско освежување.

Калоричен појадок

Големите количини на нездрави масти ќе завршат во форма на масно ткиво, а нашето тело нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што му се потребни. Доколку сакате јајца за појадок, најдобро би било да ги сварите и да ги комбинирате со тост и чај. Исто така можете да ги подготвите на тава со многу малку масло.

Повеќе на тема појадок

Претходна објаваНа која возраст почнуваме да старееме?
Следна објаваШто значи кога лимфоцитите се ниски, што кога се покачени

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име