Дома Твој Готвач Торта со афион и јогурт

Торта со афион и јогурт

7971
0


Денеска ви носиме предлог за едноставна и вкусна торта со афион – најдоброто кај оваа торта е што се прави многу брзо.

Афионот се смета за суперхрана и затоа треба што почесто да ги користите во исхраната. Ова семе е исклучително богато со витамин Ц, Е и Б комплекс витамини кои делуваат како важни кофактори во метаболизмот на мастите и јаглехидратите. Богат е и со важни минерали кои се лесно употребливи.

Неопходно е:

2 чаши јогурт (користиме како мера чаша од јогурт)
2 чаши брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
100 гр. семе од афион
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

Подготовка: Сите наведени состојки измешајте ги и префрлете ги во плехот. Печете на 180 степени Целзиусови околу 20 минути. Премачкајте ја тортата со растопено чоколадо или џем. Уживајте!

Претходна објаваОвие здравствени проблеми почесто се јавуваат во есен и зима, внимавајте сега
Следна објаваНе можете да заспиете? Овој метод на американски војник ќе ве заспие за две минути

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име