Дома Твој готвач ТОРТА БОМБА: БРЗО СЕ ПРАВИ А УШТЕ ПОБРЗО СЕ ЈАДЕ

ТОРТА БОМБА: БРЗО СЕ ПРАВИ А УШТЕ ПОБРЗО СЕ ЈАДЕ

6561
0

ТОРТА БОМБА: БРЗО СЕ ПРАВИ А УШТЕ ПОБРЗО СЕ ЈАДЕ

Брз десерт кој може секој да го направи.

СОСТОЈКИ:

4 јајца
5 лажици шеќер + 15 лажици шеќер
1 маргарин
половина литар млеко
400 гр бисквити
100 гр чоколадо за готвење
Малку какао ако сакате колачот да ви биде малку потемнет

ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете половина литар млеко (ладно) и во млекото ставете 15 лажици шеќер.
Мешајте додека не се растопи шеќерот.

Потоа во млекото додаваме ситни бисквити. Се меша со дрвена лажица додека бисквитот не го впие целото млеко.
Кога бисквитот ќе го потроши целото млеко, додадете ја смесата од јајцата, маргаринот и чоколадото и малку какао по желба и сè убаво измешајте.
Секако, по ваша желба можете да додадете и ореви, лешници, суво грозје и слично.
Ајде да употребиме уште 7 или 8 бисквити за да ја направиме кората.
Во тркалезен сад ставете најлон и добиената смеса истресете ја и одозгора ставете суви бисквити за да се направи кора.
Оставаме во фрижидер да се излади.
Откако ќе се излади, свртете ја тортата на плехот, извадете го садот и одозгора украсете ја со шлаг со малку рендано чоколадо .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име