Дома Твој Готвач Топчиња со путер од кикирики

Топчиња со путер од кикирики

2379
0

Топчиња во кои ќе уживате…..

Состојки:

– 150 гр мелени бисквити

– 2 лажици шеќер

– 1/2 лажичка цимет

-1/4 лажичка јаткасти плодови

– 120 гр путер од кикирики

-80 гр мед, може и помалку по вкус

Глазура:

  • темно чоколадо
  • путер

Подготовка:

Измешајте мелени бисквити, шеќер, цимет и морско оревче, па додајте путер од кикирики и мед. Направете цврста еднолична маса.

Со лажица земете од смесата и со влажни дланки формирајте топчиња. Ставете ги на хартија за печење и ставете ги во фрижидер најмалку еден час.

Во меѓувреме на пареа растопете ги путерот и чоколадото. Мешајте додека не се растворат сите состојки и се соединат во изедначена смеса.

Ладните топчиња потопете ги во чоколадото со помош на чепкалка за заби, па повторно ставете ги на хартија за печење или на решетката за ладење за да се стегне чоколадото.

Декорирајте по желба, но додека не се стврдне чоколадото.

Вратете го во фрижидер до сервирање.

Претходна објаваПриродни лекови за забоболка
Следна објаваБлитва: Постојат 7 добри причини зошто е добро да се јаде

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име