Дома Твој готвач Тесто за пица: Воздушено и меко – тајната е во една состојка...

Тесто за пица: Воздушено и меко – тајната е во една состојка (РЕЦЕПТ)

4337
0

Нема ништо подобро од тоа кога куќата мириса на домашна пица.
Ако вашето семејство сака пица , сигурно ви се случило да ги имате сите состојки во фрижидер, но немате тесто, еве како да направите….


Мразите да одите во продавница, повеќе би сакале да останете во топлината на вашиот дом… Еве како брзо и лесно да го направите најмекото тесто за пица за само неколку минути.

Тајната на овој рецепт лежи во една состојка. Тоа е јогурт .

Ова е основен рецепт за пица со јогурт, вашата пица ќе излезе одлично со овој рецепт, дури и ако сте комплетен почетник во кујната.

Состојки:

250 милилитри јогурт,
600 грама брашно,
1 кесичка сув квасец,
100 милилитри масло,
50 милилитри вода,
1 лажичка сол,
прстофат шеќер

Подготовка:

Во сад загрејте 250 милилитри јогурт (да биде топол, а не да врие). Во јогуртот додадете кесичка сув квасец, шеќер, 50 милилитри вода и една кафена лажичка брашно.

Измешајте сè во тавче и оставете го квасецот да реагира околу 15 минути. Покријте ја ванглата со крпа или алуминиумска фолија.

Потоа додадете 100 милилитри масло и сол, измешајте и потоа додадете малку по малку брашно и измешајте. Додадете го брашното додека не можете да го замесите со раце без да се залепи за рацете.

Оставете го тестото да отстои половина час во вангла покриена со крпа.

Тестото за пица со јогурт е готово, можете да продолжите да ги нанесувате состојките на пицата и да ја печете во рерна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име