Дома Твој готвач Солени погачици со пиво

Солени погачици со пиво

3191
0

Необични погачици со пиво…

Потребни состојки:

сув квасец , 2,5 лажички

пиво , 340 ml загреано (45 ° C)

мед , 2 лажици

брашно , 3,5 чаши

сол , 1 лажиче

сода бикарбона , 1/2 шолја

јајца , 1 парче

крупна сол

Чекор-по-чекор инструкции:

Загрејте ја рерната на 230°C. Плехот за печење покријте го со хартија за печење.

За тоа време сипете го пивото во стандарден миксер, додадете сув квасец и мед и измешајте. Почекајте 5-10 минути да нарасне квасецот.

Наполнете поголемо тенџере со вода и почекајте да зоврие. Во меѓувреме, во помал сад изматете ги јајцето и две лажици вода.
Во миксерот додадете брашно и сол. Месете околу 3 минути додека тестото не се соедини во една топка. Ако смесата стане леплива, додадете брашно (лажичка по лажичка) додека не добиете убаво нелеплива смеса.

На рамна површина расукајте парчиња тесто за да добиете мали топчиња.
Внимателно додајте ја содата бикарбона во тенџерето со зовриена вода. Оставете го тенџерето на средно-висок оган.
Додадете ги топчињата од тестото, варете околу 30 секунди, па извадете ги и оставете да се изладат.
Наредете ги топчињата на хартија за печење во плехот (погрижете се да не се допираат) и премачкајте ги со смесата со јајца што претходно ја подготвивте. На крај посипете со малку крупна сол.

Печете 7-9 минути додека не станат румени.

Извор:finirecepti

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име