Дома Твој готвач Снежни потковици (божиќни)…

Снежни потковици (божиќни)…

867
0

Иако обично ги комбинираме со ореви, овие колачиња во форма на потковица имаат и своја „снежна“ варијанта , а бидејќи сме големи љубители на кокосот, нашата празнична трпеза не може без нашите омилени потковици од кокос.

Состојки:

200 гр брашно,

150 гр путер,

100 гр кокос,

30 гр шеќер,

половина прашок за пециво,

1 ванилин шеќер,

1 јајце,

дополнително: шеќер во прав за посипување.

Подготовка:

Месете го тестото од сите состојки. Путерот нека не се стопи целосно.Загрејте ја рерната на 180°C и обложете го плехот за печење со мрсна хартија за печење.Поделете го тестото на мали парчиња (најмногу до 15 гр.) Од тестото и со дланката обликувајте ги во топче. Направете ролнички па потоа потковици.

Печете ги околу 10 минути, во зависност од рерната и дебелината.

Додека се сеуште топли, посипете ги со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име