Дома Твој готвач РОЛАТ БАНАНА И БИСКИТ – лесно и брзо се прави

РОЛАТ БАНАНА И БИСКИТ – лесно и брзо се прави

2728
0

РОЛАТ БАНАНА И БИСКИТ – лесно и брзо се прави

Потребно ви е:
3,5 дцл вода
150 гр маргарин
50 гр чоколадо
4 лажици какао
100 гр суво грозје
2 лажици рум
100 гр желе бонбони
450 гр посни бисквити
3 банани

2-3 лажици сок од лимон
кокос

Подготовка:
Скршете го бисквитот, желе-бонбоните исечкајте ги на коцки, измијте го сувото грозје во вода и прелијте го со рум да се стегне.
Во сад се ставаат водата, маргаринот и чоколадото да се растопат, па се додава какаото и се меша со жица да се соедини какаото со масата. Се трга од оган и се додава сувото грозје, сечканите желе бомбони и искршените бисквити. Сето убаво измешајте да се соедини.
Посипете малку кокос врз фолијата, ставете ја топлата маса, распоредете ја должината да биде долга 40 см, ставете ги бананите (кои претходно ги прекривме со сок од лимон) и со фолијата извртете ја во ролат и оставете ја да се стегне. , па исечете го на прстени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име