Дома Твој готвач Рецепт совршен за дождлив ден: Брза маџарица за 20 минути

Рецепт совршен за дождлив ден: Брза маџарица за 20 минути

4360
0

Рецепт совршен за дождлив ден: Брза маџарица за 20 минути

СОСТОЈКИ:
800 мл вода
250 гр путер
100 гр шеќер
200 гр чоколадо за готвење
1 килограм пети бисквити или други бисквити со путер
Малку млеко

ПОДГОТОВКА:
Се топи водата и путерот, па се додаваат сечканото чоколадо и шеќерот. Се меша со жица за матење, а кога ќе се формира изедначена смеса тргнете ја од оган и оставете малку да се излади. Потопете ги бисквитите во млеко, па во тавата ставете ред бисквити, па ред чоколаден крем и така додека не ги потрошите сите состојки. Доколку сакате полесен начин издрибете ги бисквитите ви течноста и избешајте убаво, па истурете во плехче и иставете да се зацврсти, како на сликата.

Доколку сакате да направите и глазура, можете да ја направите така што ќе попарите 500 мл слатка павлака, па во врелата смеса додадете 200 гр сечкана чоколада за готвење. Со постојано мешање со жица за матење, оставете го целосно да се растопи чоколадото. Прелијте ја смесата со бисквити и оставете ја да се стегне преку ноќ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име