Дома Твој Готвач Рецепт: белгиски вафли

Рецепт: белгиски вафли

323
0

Меко и миризливо задоволство, дури и следниот ден.

Состојки:

  • 500 гр брашно + прстофат сол
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 400 гр путер
  • 250 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за пудинг од ванила
  • 6 јајца

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, ванилиниот шеќер и пудингот.

Растопете го путерот и кога ќе се олади измешајте го со изматените јајца.

Оваа смеса лесно истурете ја во смесата со брашно и мешајте со дрвена лажица додека не се добие фина мазна смеса. Покријте сè и оставете да отстои неколку часа.

Смесата се пече во машина за вафли.

Посипете со чоколадо, посипете со шеќер во прав или декорирајте по желба.

Google search engine
Претходна објаваЗошто омикрон се шири толку брзо?
Следна објаваСтудените прсти често се сигнал дека телото се бори со оваа болест

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име