Дома Твој готвач Правила за најдобра домашна чорба

Правила за најдобра домашна чорба

1111
0

Ако го направиме ова нема да добиеме чинија полна со здравје
Порано се знаеше, ручекот започнува со чинија топла, домашна супа


Чинија супа значи здравје! Го забрзува варењето, му дава хранливи материи на нашиот организам, лечи многу болести. Но, за целосно искористување на сите негови нутритивни вредности, важно е правилно да се готви, а за тоа постои еден многу едноставен трик.

Зеленчукот кој го има во изобилство – од целер, кромид и пашканат до моркови и магдонос, го прават еден од најздравите оброци кои го зајакнуваат нашето тело. Покрај зеленчукот, најмногу се готви со пилешко месо кое содржи есенцијални протеини за зајакнување на организмот, како и аминокиселини.

Ако сакате да ја добиете најдобрата домашна супа, мора да ги следите следниве правила:

  • Супата се прави од постара живина или говедско месо, а ако најдете шупливи говедски коски, толку подобро.
  • За да има јак вкус супата, потребно е месото и зеленчукот да се стават во ладна вода да се варат. За поблаг вкус на супата, и појако месо, ставете ја во топла вода и варете.
  • Најдобрата супа е кога ќе се измешаат два вида месо, говедско и парче пилешко.
  • Освен месо, не можеме да замислиме добра супа без зеленчук како морков, корен од јаглика, лист од јаглика, пашканат, целер, а може да додадете и бибер по вкус.
  • Количината на месо зависи од бројот на членовите на домаќинството, а 150 гр по лице.
  • Кога се ќе се стави во тенџерето, зголемете го огнот додека не зоврие, па поклопете и оставете да се вари околу 1 час.
  • Кромидот секогаш и дава посебна арома на домашната супа. Исчистената глава пресечете ја на половина и лесно испечете ја директно на рингла. Во шерпата додадете го печениот кромид.
  • Никогаш не додавајте ладна вода во супата, туку секогаш топла, па продолжете со процесот на готвење. За се да биде добро зготвено потребно е да се готви најмалку 2 часа.

Ако сакате да го подобрите вкусот на супата и да изедете квалитетно парче варено пилешко месо без пилешкото да биде преварено или недоволно, применете го овој трик. Ако ви е важно пилешкото да биде сочно, постои една работа што воопшто не треба да ја правите, а тоа е да го зготвите целото пилешко за супа.

Ова е грешка што ја прават многу домаќинки.

Неопходно е да го исечете пилешкото пред да го готвите, бидејќи ако го зготвите целото пилешко, белото месо секогаш ќе се исуши бидејќи му треба многу пократко време за готвење отколку, на пример, батаците и карабатите.

Исечете го месото, па ставете го да се свари за супа, а кога е готово извадете го белото месо, па продолжете со варење на останатите делови од пилешкото додека не се готови.

Професионалните готвачи ве советуваат конечно да го ставите целото месо во тенџере неколку минути, а потоа да ги додадете тестенините и да ја зачините супата по вкус

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име