Дома Твој Готвач Посни земички со сусам (рецепт)

Посни земички со сусам (рецепт)

439
0

Меки, посни земички со семе од сусам.

Состојки:

1/2 литар кисела вода

1 свеж квасец

4 лажици шеќер

2 лажички сол

200 мл масло

околу 1 кг брашно

млака вода

сусам

маслиново масло

Подготовка:

Во млака кисела вода измешајте го квасецот со шеќерот и оставете го да нарасне.

Во брашното додадете сол, додаден квасец и масло. Замесете средно меко тесто. Нека дојде.

Од тестото формирајте мали топчиња. Најважно е тестото нежно да го земете во рака и само малку да го обликувате, не месете го.

Се тркалаат од едната страна во млака вода, а потоа во сусам.

Се редат во намрсен плех и се остава да одмори малку.

Се пече на 250 степени додека не порумени.

Кога ќе ги извадите од рерна, веднаш премачкајте ги со маслиново масло.

Претходна објаваНАЈДОБРИОТ РУСКИ ЛЕК Ги обложува желудникот и цревата, а секоја болка исчезнува за миг
Следна објаваТромбот во белите дробови прво се чувствува во нозете

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име