Дома Твој Готвач Полнети тортиљи со ориз и зеленчук…

Полнети тортиљи со ориз и зеленчук…

497
0

Тортињите се познат мексикански специјалитет кои сите го сакаат. Особено затоа што се подготвува во многу варијанти, вкусни се и многу лесни за подготовка. Денес ви предлагаме еден поинаков рецепт на тортиљи полнети со ориз и зеленчук погодни за пост или како вегетаријанско јадење

Состојки:
4 тортиљи
125 гр варен ориз
1 главица кромид
300 гр свежи пиперки од разни бои
2 лисја од зелена салата
100 гр никулци
свеж магдонос
сол , бибер

Подготовка:
Исчистената пиперка исечкајте ја на коцки и испржете ја заедно со исечканиот кромид.
Додадете го сварениот ориз, измиените никулци и сецкан магдонос.
Земете тортиља и врз неа ставете сечкана зелена салата, потоа додадете од подготвената смеса, повторете ја постапката за сите четири тортиљи. Украсете со магдонос.

Претходна објава5 трикови за зголемување на оптимизмот…
Следна објаваКако да се запре икањето…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име