Дома Здравје Повеќето луѓе не ја знаат вистинската причина зошто нашите прсти толку многу...

Повеќето луѓе не ја знаат вистинската причина зошто нашите прсти толку многу се збрчкаат кога се долго време во вода

906
0

Повеќето луѓе не ја знаат вистинската причина зошто нашите прсти толку многу се збрчкаат кога се долго време во вода

Заклучокот на научниците е дека прстите не отекуваат во водата, туку се собираат поради стегањето на крвните садови во нив, па затоа кожата бранува како резултат, а тој бран всушност игра важна улога

Со децении, научниците беа убедени дека прстите на рацете и нозете се збрчкаат во вода бидејќи надворешниот слој на кожата ја апсорбира водата и отекува, но тоа не е така. Имено, надворешниот слој на кожата е цврсто прикачен на слојот одоздола и не може само така да се шири.

Основата за ова верување научниците ја создале уште во 1935 година, бидејќи забележале дека прстите на рацете или нозете нема да се збрчкаат без разлика колку долго стојат во вода ако одреден нерв е оштетен. Тогаш дошле до заклучок дека тоа се случува поради реакцијата на вегетативниот нервен систем во телото, кој е одговорен и за отчукувањето на срцето, дишењето…

Со збрчкани прсти, волонтерите беа многу побрзи во подигање на влажни предмети.

Невролозите сега се склони да веруваат дека ова има еволутивна позадина, т.е. прстите се собираат затоа што подобро се лепат на влажната површина – се постабилни на влажни површини итн.

Пред неколку години тие спроведоа серија студии на оваа тема. Во едно истражување, од волонтерите беше побарано да фатат влажни и суви предмети во две ситуации – дали нивните прсти се збрчкани од водата и дали се суви. Со збрчкани прсти, тие беа многу побрзи во подигање влажни предмети за околу 12 проценти, пренесува Bright Side.

Тие го споредија со гумите на автомобил. Ако жлебовите се доволно длабоки, гумата добро ќе се залепи на површината.

Така е и со прстите. Доколку имаат подлабоки жлебови низ нив ќе помине вода и подобро ќе се залепат на влажната површина. Заклучокот на научниците е дека прстите не отекуваат во водата, туку се собираат поради стегањето на крвните садови во нив, што предизвикува брчки на кожата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име