Дома Нега и убавина Ослободете се од сувите и испукани стапала за 10 МИНУТИ! Ова е...

Ослободете се од сувите и испукани стапала за 10 МИНУТИ! Ова е тајниот рецепт…

3129
0

Ослободете се од сувите и испукани стапала за 10 МИНУТИ! Ова е тајниот рецепт…

Дали и вие страдате од суви и чешачки стапала? Многу луѓе страдаат од овој проблем, бидејќи кожата на стапалата нема масни жлезди, па стапалата се суви.

Наместо тоа, потните жлезди се единствените кои ја одржуваат влагата. Понекогаш дури и потните жлезди не се способни да ги одржуваат стапалата влажни. Стапалата се суви, чешаат или горат, поради што се чувствувате непријатно.

Ова се решенијата за проблемот со сувите стапала, можете да го пробате она што најмногу ви одговара:

Сок од лимон

Киселината во лимонот помага да се растворат мртвите клетки од кожата и затоа се препорачува стапалата да ги натопите во сок од лимон 10 минути. Потоа отстранете ја мртвата кожа од стапалата.

Маслиново масло

Има навлажнувачки ефект и затоа е идеален за испукани стапала. Можете да додадете неколку капки масло од лимон или лаванда за да го подобрите ефектот.

Вазелин

Масирајте ги стапалата со вазелин, вклучувајќи ги и прстите, а за подобар ефект нанесете вазелин навечер и спијте со памучни чорапи. На тој начин вазелинот подобро ќе се апсорбира.

Шеќер

Направете мешавина од маслиново масло и кафеав шеќер, користејќи еднакви количини. Измасирајте ги стапалата и по 10-15 минути исплакнете со ладна вода.

Мед

Природните ензими во медот можат да им помогнат на вашите стапала да закрепнат. Затоа ставете ги стапалата во топла вода со мед. По 10-15 минути, вашите стапала ќе се чувствуваат помеки.

Млеко

Млекото е богато со витамин А и други хранливи материи кои и помагаат на кожата да биде посветла и поздрава. Исто така, содржи млечна киселина, која го стимулира формирањето на нови клетки. Направете бања за нозе користејќи 1 чаша млеко и 5-7 чаши топла вода.

Масло од сусам

Има витамин Е и три вида киселини, а има и антибактериско дејство. Чувајте ги стапалата во топла вода 10 минути, а потоа истријте ги со масло од сусам. Најдобро е тоа да го правите пред спиење.

Куркума

Иако ќе ви ги пожолти стапалата, таа е многу корисна и вреди да се проба. Измешајте 3 лажици куркума во прав со неколку капки кокосово масло и нанесете на стапалата. Оставете го да делува 20-30 минути и измијте го со топла вода и сапун.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име