Дома Здравје Ослободете се од надуеноста со овој зеленчук…

Ослободете се од надуеноста со овој зеленчук…

579
0

Ако често се чувствувате подуено и не можете да сфатите зошто, можеби е време да ја прилагодите исхраната.

Според студијата објавена во американскиот весник за клиничка исхрана, спроведена од истражувачи од колеџот Кингс во Лондон, пребиотските влакна кои се наоѓаат во одредени видови храна може да бидат покорисни за цревата од другите. Меѓу овие намирници е и лукот.

Лукот е богат со инулин, еден вид несварливи јаглени хидрати или функционални влакна кои ги хранат добрите бактерии во вашиот дигестивен систем. Во основа делува како гориво за тие бактерии и им помага подобро да ја вршат својата работа, што генерално значи подобра функција на цревата.

Според една студија објавена во Food Science and Human Wellness, лукот всушност го поттикнува растот на пријателски бактерии (конкретно бифидобактерии) во цревата, додека го спречува растот на бактерии кои поттикнуваат болести.

Покрај тоа, лукот е познат и по своите антиоксидантни, антимикробни и антиканцерогени својства и може да спречи срцеви заболувања.

Она што треба да се има на ум е дека лукот ги губи своите пребиотски способности при термичка обработка, па затоа најдобро е да се консумира сиров како додаток во салата. Исто така, ако вашите проблеми со надуеноста и дигестивниот систем се предизвикани од синдром на нервозно дебело црево, лукот може да биде поттик за вашите проблеми.

Студиите открија дека елиминирањето на храна како лукот всушност може да помогне во проблемот, па ако ви е дијагностицирана или се сомневате во оваа состојба, прво треба да се консултирате со вашиот лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име