Дома Здравје Овие пет видови на храна го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Овие пет видови на храна го намалуваат нивото на шеќер во крвта

3879
0

Овие пет видови на храна го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Луѓето со дијабетес често мора да го променат својот животен стил и навиките во исхраната за да го одржат нормалното ниво на шеќер во крвта.

Освен со лекови, дијабетичарите можат да го регулираат и нивото на шеќер во крвта преку исхрана, а овие пет видови на храна се одличен и многу здрав избор кој треба да се најде на нивното мени бидејќи влијаат на намалување и регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките се богати со здрави масти, протеини и влакна, кои можат да помогнат во контролата на шеќерот во крвта. Храната како бадеми, чиа семе може да се комбинираат во различни јадења, а јаткастите плодови може да се јадат независно како ужина и здрави грицки.

Овошје од бобинки

Овој вид овошје содржи малку шеќер и многу влакна и антиоксиданси. Редовното консумирање на овие видови бобинки може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да го намали ризикот од компликации предизвикани од дијабетес, пренесува Health Shots.

Цели зрна

Житарките имаат низок гликемиски индекс, што значи дека предизвикуваат побавно зголемување на шеќерот во крвта во споредба со рафинираните житарки.

Мешунките

Мешунките се одлични извори на протеини и влакна кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од отпорност на инсулин. Оваа состојба подразбира недоволен одговор на гликоза на ендогени или егзогени инсулин, тоа е потреба од поголема количина на инсулин за да се постигне биолошки ефект во концентрација која е ефикасна кај здрави индивидуи.

Лиснат зеленчук

Зеленчукот како што се спанаќот, кељот и другите зелени зеленчуци се богати со влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќер во крвотокот, а со тоа спречуваат нагли падови и скокови на шеќерот во крвта. Овој зеленчук може да се јаде на различни начини и во различни комбинации, од салати, чорби, смути до здрави природни сокови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име