Дома Здравје Ова ќе ја запре вашата дијареја и ќе помогне да се нормалилизира...

Ова ќе ја запре вашата дијареја и ќе помогне да се нормалилизира столицата – Три чаеви што секогаш треба да ги пиете во случај на итност

3391
0

Ова ќе ја запре вашата дијареја и ќе помогне да се нормалилизира столицата – Три чаеви што секогаш треба да ги пиете во случај на итност

Стомакот на многу луѓе е многу чувствителен и реагира на стресни ситуации, климатски промени и невообичаена храна. Ако и вие имате слаб стомак, треба да се снабдите со разни чаеви, а три вида, вклучувајќи го и зелениот чај, тука се издвојуваат по благотворното дејство.

Ако страдате од варење, запек или надуеност, пиењето топол чај може да ги олесни симптомите. Сепак, важно е да знаете кој чај да пиете за да добиете олеснување. Постојат одредени видови на чај за кои се смета дека помагаат при состојби како што се гадење, дијареа и повраќање. Можете да ги подготвите овие три, да уживате во нив и да заборавите на непријатноста.

Зелен чај

Бројни истражувања ги покажаа неговите здравствени придобивки, а се користи уште од античко време за да помогне при дијареа, бактериски инфекции и гадење, а може да помогне и при други дигестивни проблеми. Една студија покажа дека во голема мера ги намалува проблемите како што е дијареата предизвикана од терапии. Само внимавајте колку чај пиете, една до две шолји е вистинската мерка, а доколку претерате, овој чај се поврзува со несакани ефекти како гадење.


Чај од ѓумбир

Овој чај едноставно се подготвува, изрендајте парче свеж ѓумбир и прелијте го со топла вода, а растението може многу да направи доколку страдате од дигестивни проблеми како гадење и повраќање. Според истражувањата, чајот од ѓумбир помага во ублажување на мачнините кај трудниците, како и после хемотерапија. Некои студии покажаа и како тоа ќе ја намали надуеноста, грчевите и ќе го поддржи цревата. Подгответе го чајот така што ќе го прелиете ѓумбирот со топла вода и оставете го да отстои околу 10 минути. На него можете да додадете лимон или мед.


Чај од нане

Многумина ќе се одлучат за овој топол пијалок кога ќе почувствуваат дека стомакот им пречи. Студиите на животни покажуваат дека ќе ги опушти мускулите и ќе ја ублажи болката. Други студии покажуваат како маслото од нане може да го намали времетраењето на болката кај децата.

Некои студии покажуваат дека само мирисањето на маслото од пеперминт може да спречи гадење и повраќање. Иако студиите се базираат повеќе на маслото, чајот од нане може да ги обезбеди истите придобивки. Чајот можете да го набавите насекаде, лесно се подготвува, а ќе уживате во него дури и ако немате дигестивни проблеми.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име