Дома Здравје Ова се СИТЕ ПИЈАЛАЦИ кои Новак Ѓоковиќ ги пие на празен стомак

Ова се СИТЕ ПИЈАЛАЦИ кои Новак Ѓоковиќ ги пие на празен стомак

582
0

Ова се СИТЕ ПИЈАЛАЦИ кои Новак Ѓоковиќ ги пие на празен стомак
Новак Ѓоковиќ многу се грижи за исхраната и дека внесува здрава храна во организмот
Диетата на Новак Ѓоковиќ е честа тема, бидејќи многумина веруваат дека во неа се крие тајната на неговиот успех.


Во голема мера, тоа се должи на исхраната без глутен, на која тој се сврте поради неговата целијачна болест, но тоа не е единствениот принцип на неговото мени . Секако, тој истакнува дека основата на неговата исхрана се растенијата, а медиумите пред неколку години пишуваа дека Новак и Јелена Ѓоковиќ не користат шеќер.

Од друга страна, освен специфичните намирници што ги користи во оброците, важно е и со кои пијалоци го започнува денот.


Самиот Новак во неколку наврати открил со кои еликсири го започнува денот и ја враќа енергијата.

Знаеме за познатиот сок од целер , кој Ентони Вилијам, авторот на популарните книги за влијанието на исхраната врз здравјето, го прави ѕвезда, а чии совети ги следат и почитуваат Новак и неговата сопруга Јелена.

како јаде Новак Ѓоковиќ во првиот дел од денот, пред да почне да тренира?

Всушност, Новак еднаш откри какви пијалоци пие „на празен стомак“.

  • Кога ќе станам од кревет, пијам топла вода со лимон . Потоа пијам сок од целер на празен стомак , а потоа правам пауза и пијам смути, зелено смути со различни алги, овошје и суперхрана , што ми помага да ја задржам менталната бистрина и да се чувствувам добро. Јадам и многу овошје, салати , а не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење, особено во првиот дел од денот кога ми треба енергија за тренинзи – истакна еднаш Новак.

Што се однесува до топлата вода со лимон, таа може да биде корисна како средство за хидратација, а лимонот е извор на витамин Ц и е богат со антиоксиданси, а со нејзино консумирање можеме да го подобриме имунитетот и да ја промовираме апсорпцијата на железото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име