Дома Живот Ова се најдобрите Новогодишни и Божиќни филмови за целото семејство…

Ова се најдобрите Новогодишни и Божиќни филмови за целото семејство…

1084
0

Пред нас се многубројни празнични денови, уживајте со вашите најблиски со филмовите кои ќе ги израдуваат и по старите и помладите.

Празниците се време од годината кога забораваме на сите проблеми што не мачат секој ден и уживаме во кругот на најблиските. Особено во периодот помеѓу Нова година и Божиќ, ни се чини дека времето запре и дека сите обврски и грижи се зад нас. Ова е точно време за семејни филмски вечери.

Има бесконечен број филмови со празнична тема и понекогаш може да ни биде тешко да избереме кој филм да го гледаме. Иако новите филмови се интересни, некако секогаш се враќаме на класиците кои покрај забава ни даваат и доза на носталгија.

Ние издвоивме такви филмови за да ви го олесниме пребарувањето. Се фокусиравме на филмови кои не се наменети само за деца или возрасни и пронајдовме класици во кои сите ќе уживаат, без оглед на возраста . Ако имате идеја за филм што треба да се најде на оваа листа, не заборавајте да ни ги напишете вашите предлози во коментарите.

Украсете го домот со ламби, подгответе ги омилените десерти и најудобните пижами. Подгответе топол чај со мирис на цимет и уживајте во еден од филмовите што ви ги предлагаме со вашето семејството.

Божиќна приказна (1983),

Сакаме да ја гледаме оваа Божиќна класика секоја година и тоа е одличен начин да им покажете на децата како изгледаа празниците порано.

Елф (2003),

Улогата на елфот Вил Ферел ја прослави како еден од омилените актери на многумина. Без овој смешен филм, празниците едноставно не можат да поминат, а глупавиот Бади ќе влезе под кожата на сите.

Како Гринч го украде Божиќ (2000),

Дури и најголемиот Гринч што го познавате ќе ужива во овој филм. Покрај тоа што е забавен и смешен, Како Гринч го украде Божиќ е полн со пораки што ќе ве натераат да размислите што навистина е важно во вашиот живот.

Сам дома (1990),

Каков Божиќ е без филмот Сам дома? Овој филм стана заштитен знак на празниците, и не можеме да го избегнеме никако – и веруваме дека многумина дури и го гледаат по кој знае кој пат. Малиот Кевин истовремено ќе нè инспирира, ќе нè забавува, но на моменти и ќе не расплаче.

Пред-Божиќен кошмар на Тим Бартон (1993),

Ако вашето семејство ги сака анимираните филмови, а не сте прежалеле што Ноќта на вештерките е зад нас, совршен избор на филм е Пред Божиќ кошмар на Тим Бартон. Оваа безвременска класика е малку поразлична од другите божиќни филмови, но токму затоа ја обожаваме.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име