Дома Здравје Ова е тајната на најздравата салата на светот: Вистинско богатство, јадете ја...

Ова е тајната на најздравата салата на светот: Вистинско богатство, јадете ја секогаш и продолжете си го животот

8074
0

Ова е тајната на најздравата салата на светот: Вистинско богатство, јадете ја секогаш и продолжете си го животот

Нашите предци знаеја што прават – киселата зелка беше нивната тајна. И сега, науката потврдува дека оваа храна е чудо за здравјето.

Киселата зелка не само што е вкусна, туку и богата со витамин Ц, го зајакнува нашиот имунолошки систем и го забавува процесот на стареење. Но, тоа не е се – содржи и витамини А, К и комплекс од витамини од групата Б, штитејќи не од бројни болести на гастроинтестиналниот тракт.

Покрај тоа, киселата зелка помага во намалување на холестеролот, што ја прави идеална диетална храна за секој кој сака да го зачува здравјето на срцето и да спречи болести. Дознајте зошто треба почесто да ја јадете оваа салата и откријте ја тајната на долговечноста на нашите предци!

Рецепт:

Неопходно е:

2 главици зелка
6 големи моркови
сол 300 гр
вода.

Подготовка:

Изрендајте ја зелката, а потоа и морковот. Измешајте го зеленчукот и ставете го во пластично буре. Ред зеленчук, па ред сол. Потоа прелијте ја зелката со вода, колку да ја покрие. Зеленчукот притиснете го со капак, а потоа со камен за убаво да се притисни. Потоа оставете го да кисне. Проверете по неколку дена, ако се појави пена на зелката, подигнете ја.

Кога ќе се закиселат зелката и морковот, послужете ја салатата.

Пријатно!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име