Дома Нега и убавина Не можете да се ослободите од акните? Ова може да биде скриената...

Не можете да се ослободите од акните? Ова може да биде скриената причина за тоа…

1523
0

Добро е познато дека храната што ја јадеме влијае на нашето здравје, а со тоа и на здравјето и изгледот на кожата на нашето лице.

Но, д-р Стејси Шилингтон, која лекувала илјадници пациенти со акни, објасни за МБГ дека постои нераскинлива врска помеѓу цревата и кожата. Имено, според неа, проблемите со варењето можат да бидат причина за хормонални акни со кои многу луѓе неуспешно се борат. Нормално варење значи движење на дебелото црево барем еднаш дневно, а сè помалку од тоа се смета за запек.

Дигестивните проблеми се предизвикани од начинот на живот што го води личноста. Значи, поради нездрава исхрана, недоволно внесување вода во организмот, храна која нема доволно влакна и поради недостаток на физичка активност и стрес. Дигестивните проблеми можат да бидат и генетски, а д-р Шилингтон вели дека ова е многу честа појава. Но, доброто е што овие проблеми можат да се решат со поинаков начин на живот.

Што да се прави?

д-р. Шилингтон вели дека најголемиот проблем кај луѓето е нерамнотежата на микробиомот во цревата и стагнацијата на црниот дроб. Нарушената рамнотежа на добрите и лошите бактерии во дебелото црево може да доведе до разни болести и пад на имунитетот, додека проблемите со црниот дроб можат да влијаат и на нормалното функционирање на организмот.

Сето ова доведува до запек, што пак доведува до проблеми со акните. Хормоналните акни се резултат на нерамнотежа помеѓу нивото на естроген и прогестерон. Целта е да се доведат овие хормони во рамнотежа, што според д-р Шилингтон е многу тешко кога човек нема нормално и редовно варење. Подолу е листа на работи што можете да ги направите за да придонесете за подобро варење:

Зголемете го внесот на добри влакна,

Пијте повеќе вода,

Бидете физички поактивни,

Внесете додатоци за подобра функција на црниот дроб,

Грижете се за вашиот микробиом и земајте пробиотици.

Претходна објаваШто се случува во вашето тело кога јадете тестенини
Следна објаваШтетни работи за здравјето на црниот дроб

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име