Дома Здравје Не го игнорирајте овој здравствен проблем: Хернијата може да биде причина за...

Не го игнорирајте овој здравствен проблем: Хернијата може да биде причина за болки во стомакот

2751
0

Не го игнорирајте овој здравствен проблем: Хернијата може да биде причина за болки во стомакот

Доколку ве мачат стомачни болки на десната страна, задолжително внимавајте колку долго траат, дали болката се интензивира, дали е периодична или постојана… Најчесто првата помисла е дека се работи за апендицитис, а таму се голем број други причини зошто ве боли. Можно е тоа да е само гасови и варење. Ова се можни болести.

Хернија

Сè што предизвикува оптоварување на стомачните мускули може да предизвика хернија. Зголемен притисок на предниот абдоминален ѕид може да се појави поради дебелина, за време на бременост, кревање тегови, запек и долгорочно кашлање. Лошата исхрана и пушењето исто така може да ги ослабат мускулите и да го зголемат ризикот од развој на хернија. Можно е и чувство на тежина во желудникот кое е придружено со запек и непријатно чувство во стомакот или препоните при кревање тегови.

Апендицитис

Докторите најчесто се сомневаат кога станува збор за болки на десната страна на желудникот. Освен болка, симптомите на акутен апендицитис може да бидат чувство на гадење, нагон за повраќање, често мокрење, а понекогаш и дијареа или запек. Исто така, може да почувствувате болка во целиот стомак. Болката е обично трајно присутна и не исчезнува со промена на положбата на телото. Задолжително одете во болница за да избегнете пукнат слепото црево што може да предизвика сепса.

Циста на јајниците

Според експертите од клиниката Мајо, цистите на јајниците често остануваат незабележани од жените, но тие можат да пораснат толку големи што предизвикуваат болка. Важно е да се консултирате со лекар за да дознаете за каква циста се работи и дали е потребна процедура или терапија.

Лошо варење

Болката во стомакот може да биде предизвикана од било што. Ако сте ја промениле исхраната, јадете премногу храна која содржи влакна или оние кои предизвикуваат гасови како грав, брокула и кељ, може да почувствувате болка во целиот стомак, вклучително и на десната страна. Лошата дигестија и појавата на болка може да биде резултат на уживање во алкохол и кафе, како и на пребрзо голтање храна или храна која е слабо сварена.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име