Дома Живот Најточниот љубовен хороскоп до 23 декември! За Лавовите голем пресврт на судбината...

Најточниот љубовен хороскоп до 23 декември! За Лавовите голем пресврт на судбината во љубовта, за Бикот љубов со личност од странство

1100
0

Најточниот љубовен хороскоп до 23 декември! За Лавовите голем пресврт на судбината во љубовта, за Бикот љубов со личност од странство

Венера, планетата на љубовта, се наоѓа во мистична Шкорпија, каде носи бурни љубовни врски, љубоморни сцени, но и судбоносни средби. Ова влијание на Венера најмногу ќе го почувствуваат Скорпиите, Рибите и Раковите.

ОВЕН

Иако ќе се потрудите и ќе бидете покомуникативни од вообичаено, сепак во наредниот период нема да имате среќа во љубовта . Ќе доживеете привремена блокада во таа сфера и најдобро е едноставно да почекате подобро време.

БИК

Ќе имате можности за излегување, што поволно ќе се одрази на вашиот љубовен живот . Постои можност да се поврзете со некој кој е со странско потекло или некој кој живее во странство бидејќи ќе ве привлекуваат егзотични и различни луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува напорна недела. Можно е и вие и вашиот партнер да ги истакнете најлошите страни на вашите личности. Веројатно ќе влезете во некаков конфликт или расправија со избраната личност, која и двајцата тврдоглаво ќе ја подгревате.

РАК

Ќе имате можност да комуницирате со некој кој ќе ви изгледа како личност, но за кој нема да имате јасна слика. Сепак, таа мала идеализација нема да остави многу штета бидејќи разбудените чувства нема да бидат премногу силни.

ЛАВ

Околината би можела многу негативно да реагира на вашиот избор на партнер доколку сте во нова врска. Ако не, можна е тензија во односите меѓу пријателите и партнерот, но и некои пресврти на судбината кои ја расипуваат врската без разлика на кој било друг.

ДЕВИЦА

Наредниот период ќе донесе одредена нестабилност во вашата врска, но ништо што нема да можете да го надминете. Партнерот би можел да биде премногу зафатен и оптоварен со животни проблеми за да ви се посвети и да ја негува вашата љубов.

ВАГА

Ќе запознаете поатрактивни луѓе кои ќе изгледаат многу заинтересирани за вас. Сепак, можеби нема ништо од тоа, бидејќи ќе бидете нерасположени и преокупирани со некои проблеми кои ќе ги спречат мислите за љубов.

СКОРПИЈА

Ќе привлечете внимание со вашиот нов имиџ и на овој начин ќе реализирате и некои нови можности за љубов. Следната недела планетата Венера ќе ви помогне да пронајдете љубов, па обидете се добро да ја искористите.

СТРЕЛЕЦ

Ќе се наметне проблематична ситуација во љубовната сфера. По многу кратка пауза, повторно е можна нестабилност и проблеми поради неможноста јасно да се дефинира врската или неподготвеноста на партнерот да се посвети.

ЈАРЕЦ

Избраниот нема да има големи очекувања од љубовниот живот, што може да испадне добро бидејќи нема да мора да се борите за неговото внимание. Лесно ќе можете да се зближите со личноста која ви се допаѓа.

ВОДОЛИЈА

Ќе уживате во ново и возбудливо запознавање со некој кој е активен тип на личност. Можно е да остварите ветувачки контакти на социјалните мрежи или сајтови за запознавање и поврзување со луѓе кои бараат љубов.

РИБА

Следната недела не се надевајте дека ќе најдете љубов, а ако веќе сте во врска, ќе мора да се потрудите сериозно да не се расипе врската или нешто полошо од тоа. Многу ќе зависи од вас и вашето однесување.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име