Најточниот неделен хороскоп од 3 до 10 февруари! Јупитер во Близнаци носи неверојатни можности за 3 знаци
Ретроградниот Јупитер конечно оди напред во Близнаците следната недела, па имаме можност да ја подобриме комуникацијата и да постигнеме подобри преговори. Јупитер во Близнаци носи среќни вести за Близнаците, Вагите и Водолиите. Венера, планетата на љубовта, влегува во Овен на 4-ти февруари, носејќи возбудливи средби за Стрелец, Лав и Овен.
Овен
Работа – ретроградниот Марс ве става на тест , но под влијание на сезоната на Водолија имате голема поддршка од влијателни пријатели. Ќе се забележи вашиот труд и упорност, што може да резултира со поволна понуда или пофалба.
Љубов – Венера , планетата на љубовта, влегува во вашиот знак на 4 февруари, носејќи ерупција на страст. Очекувајте емотивен пресврт и можност да се заљубите. Ќе имате повеќе можности за романса, па ќе можете да избирате.
Здравје – Чувствително.
Бик
Деловно – Биковите оваа недела ќе треба да се фокусираат на финансиите . Постои можност за дополнителни трошоци, па затоа е важно да се планира однапред . Венера во Овен укажува на тоа дека ќе се сомневате дека некои колеги не се искрени со вас, па ќе ги скриете своите намери.
Љубов – Во љубовта, партнерот ќе ви биде важна потпора. Венера влегува во Овен , па многу Бикови ќе имаат тајна љубов. Ова е некој кој можеби не е сингл, но токму тоа ќе го најдете привлечно.
Здравје – Психолошки проблеми и главоболки.
Близнаци
Работа – Комуникацијата ќе биде клучна за Близнаците оваа недела. Без разлика дали работите во тим или самостојно, вашата способност јасно да комуницирате со идеите ќе биде клучна. Можни се ненадејни деловни состаноци или понуди кои ќе бараат брз одговор.
Љубов – Во љубовта, слободните Близнаци можат да почнат да флертуваат со личност која ги заинтригира. Јупитер оди напред на 5 февруари , па ве очекуваат нови познанства и можности за подобрување на односите.
Здравје – Подобрување.
Рак
Работа – Јупитер кај Близнаците на 5-ти февруари оди напред, па деловната ситуација конечно е во нагорна линија. Ве очекуваат нови деловни понуди , како и подобра комуникација. Бидете отворени за предлози од колегите, бидејќи заедничката работа може да донесе одлични резултати.
Љубов – Важно е да му покажете на партнерот колку ви значат. Малите гестови на внимание ќе бидат многу ценети од вашиот партнер. Венера во Овен може да им донесе флерт на слободните Ракови на работното место.
Здравје – подобро.
Лав
Работа – Лавовите ќе бидат во центарот на вниманието на работа оваа недела. Вашата енергија и одлучност ќе привлечат позитивно внимание. Искористете го овој период за да започнете нови проекти или да ги презентирате вашите идеи.
Љубов – Лавовите во врска треба да се фокусираат на подлабока комуникација со партнерот. Слободните Лавови може да бидат привлечени од некој кој е подеднакво страстен и енергичен. Венера во Овен ви носи можност за заедничко патување.
Здравје – Чувствително.
Девица
Работа – Девиците ќе бидат посветени на деталите оваа недела. Вашата прецизност и аналитички пристап ќе ви донесат признание. На работа внимавајте да не се преоптоварувате со дополнителни обврски. Правилното управување со времето ќе биде клучно.
Љубов – Венера во осмата куќа може да ви донесе познанство со личност која е разведена. Девиците во брак мора да работат на заеднички компромис. Можноста за започнување нова врска базирана на силна привлечност.
Здравје – Послабо.
Вага
Работа – Вагите ќе се чувствуваат инспирирани да започнат нови проекти. Вашата креативност ќе биде на врвот, што ќе донесе иновативни решенија на работа. Следете го времето и бидете подготвени да се прилагодите на промените.
Љубов – Венера влегува во Овен и ви носи средба со личност која и е добро позната на пошироката јавност. Сепак, ретроградниот Марс се уште е на сила, па ќе добивате повици и од минатото. Венера во Овен ви дава чувство дека сакате нешто ново и авантуристичко.
Здравје – Главоболки.
Шкорпија
Работа – Влегувањето на Венера во Овен ви носи подинамична атмосфера на работа. Очекувајте брзи промени, но и лесни решенија кои ќе резултираат со успех . Поради ретроградниот Марс во Рак, станавте мрзеливи, но ќе мора да забрзате.
Љубов – Нагласена четврта куќа ви носи семејни проблеми и расправии со членовите на семејството. Венера во Овен може да ви донесе познанства преку деловни контакти.
Здравје – Послабо.
Стрелец
Работа – Сезоната на Водолија укажува дека комуникацијата е клучна во наредните денови. Ве очекуваат нови деловни преговори и креативни проекти. Конечно ќе можете да направите нешто што одговара на вашиот темперамент. Одлична недела за потпишување договори бидејќи имате голема моќ на убедување.
Љубов – Меркур во Водолија укажува дека во ваша близина има личност која се обидува да ве запознае преку пораки. Ќе уживате во препишување од секаков вид. Исто така, Венера во Овен може да ви донесе нова романса со личност која е ориентирана кон спортот.
Здравје – Одлично.
Јарец
Работа – Јарците ќе бидат насочени кон постигнување долгорочни цели. Вашата дисциплина и организација ќе донесат резултати. На работа очекувајте признание за вашите напори и можност за унапредување.
Љубов – Во љубовта, зафатените Јарци треба да покажат поголема флексибилност кон партнерот. Слободните Јарци би можеле да запознаат некој кој ќе ги инспирира со нивната амбиција и посветеност.
Здравје – Чувствително.
Водолија
Работа – Водолиите оваа недела ќе бидат полни со нови идеи . Меркур, Сонцето и Плутон во вашиот знак носат ненадејни, големи промени во сите области од вашиот живот. Очекувајте нови деловни можности.
Љубов – Венера влегува во Овен на 4-ти февруари, носејќи ви флерт преку СМС пораки. Влегувате во период кога ќе бидете поотворени да зборувате за вашите чувства. Можно е пократко патување. Ќе станете активни на социјалните мрежи.
Здравје – Одлично.
Риба
Работа – Нагласената дванаесетта куќа укажува на работи на работното место . Треба да се подготвите за неочекуван пресврт на настаните за кои не сте биле подготвени. Колегите не се искрени со вас, затоа очекувајте тајните да излезат на површина. Одлична недела за заработка.
Љубов – Меркур во Водолија ви носи тајна симпатија. Генерално ќе бидете емотивно позатворени во наредните денови, па емоциите ќе ги чувате за себе. Се повеќе ќе размислувате за личноста која можеби е далеку или недостапна.
Здравје – Психолошки проблеми.