Дома Живот Најточниот неделен хороскоп од 22 до 29 јануари! Плутон и Сонцето во...

Најточниот неделен хороскоп од 22 до 29 јануари! Плутон и Сонцето во Водолија – битка на светлината и темнината! Овој знак нека се подготви за трансформација

14360
0

Најточниот неделен хороскоп од 22 до 29 јануари! Плутон и Сонцето во Водолија – битка на светлината и темнината! Овој знак нека се подготви за трансформација

Многу астролози би се согласиле дека денес е судбоносен ден, бидејќи Плутон и Сонцето влегуваат заедно во Водолија, каде што ќе донесат тектонски промени. Плутон во Водолија ќе се задржи до 2044 година, а ќе донесе големи промени за Бикот, Водолијата, Лавот и Скорпијата. Во наредната недела на 25 јануари не очекува полна Месечина во Лав, која навестува крај на еден животен циклус и емотивна кулминација.

ОВЕН

Работа – Марс во Јарец укажува дека вашиот фокус е работата во овој период. Поради Меркур во истиот знак ќе има многу неформални разговори и убедување, па нема да бидете задоволни од моменталната состојба на работното место. Многу припадници на вашиот знак ќе сакаат да ја сменат работата.

Љубов – Венера го менува знакот и влегува во Јарец, па ве очекува романса на работа. Преку деловните контакти можете да запознаете и личност која можеби ќе ви се допадне. Луѓето кои се остварени во кариерата ќе ви бидат привлечни.

Здравје – Послабо.

БИК

Бизнис – Влегувањето на Венера во Јарец ви носи одличен период за соработка со странски компании. Сонцето во Водолија заедно со Плутон условуваат големи промени во работата, па ќе сфатите дека борбата за цели ќе биде немилосрдна бидејќи тешко ќе се справувате со луѓе кои не се согласуваат со вас. Можна е сосема нова пресвртница во иднина во професионална смисла.

Љубов – Марс во Јарец укажува на тоа дека сте рационални во љубовта и мерите колку вашиот партнер направил за вас. Сепак, ставањето на љубовта на рационално ниво може да ја „убие“ романтиката, па затоа треба да балансирате помеѓу рационалните барања и емоциите. Можно е да патувате заедно со саканата личност.

Здравје – Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Меркур во Јарец ви носи сериозен пристап кон работата, но и пореално гледање на целите во кариерата. Повеќе од кога било, ќе бидете свесни што сакате да постигнете на работа. Пејрод е одличен за располагање со туѓ имот и затоа може да очекувате пари за одреден деловен проект. Исто така, во следниот месец денеска ќе има многу пократки патувања.

Љубов – Неделата што е пред нас е добра за нови познанства. Ќе запознаете личност која е разведена или помеѓу две врски. Тоа е некој кој е мистериозен, но финансиски стабилен. Ако вашата врска со партнерот беше во криза, сега е можност да ја поправите.

Здравје – Подобрување.

РАК

Работа – Под влијание на планетите во Јарец, чувствувате дека работите под притисок бидејќи вашиот пристап кон работата полека, но сигурно се менува. Овие промени нема да ви се допаднат, но сфаќате дека мора да се прилагодите на новите околности. Во овој период вие самите сте свој најголем критичар на работа, бидејќи сте поставиле високи критериуми.

Љубов – Ќе имате разни познанства, особено со луѓе кои на некој начин и се познати на јавноста. Ќе ви се допаднат луѓе кои се добро познати во својата работа, но и финансиски успешни . Ако сте во брак, партнерот ќе се обиде да ви ја наметне својата волја.

Здравје – Послабо.

ЛАВ

Работа – Влегувањето на Сонцето во Водолија ви носи своевиден бунт на сите полиња. Ќе се борите против се што не ви одговара. На работа, постои воспоставен систем на работа кој сакате да го промените, но ќе оди побавно отколку што сакате.

Љубов – Сонцето во седмата куќа заедно со Плутон ви носи преиспитување на секоја партнерска врска и што сакате во љубовта. Затоа, можете да се одлучите за ненадејни одлуки кои можат да бидат одлучувачки за иднината на вашата емотивна врска. Полни Риби на 25 јануари во вашиот знак навестуваат кулминација на се што ве мачеше во емотивната врска.

Здравје – Чувствително.

ДЕВИЦА

Работа – Сонцето и Плутон во Водолија ви носат големи промени на работното место. Тоа може да биде нов тип на работна организација, но може да бидете задолжени и за прераспределба на обврските. Сè што има врска со интернетот, новите технологии и апликации ќе биде доминантно во наредниот период, па подгответе се за пресврт на работа.

Љубов – Во период сте кога лесно стекнувате нови познанства. Иако на прв поглед делувате воздржано и ладно, вистината е дека сте расположени за нови опции во љубовта. Ќе остварите нови познанства на јавни места. Можност за нова романса.

Здравје – Добро.

ВАГА

Работа – Нагласениот четврти квадрат покажува дека сте на голема пресвртница, а тоа важи и за работата. Имате многу обврски и сте под голем притисок бидејќи од вас се очекува да бидете одговорни и да работите, но треба да знаете дека не е најдобрата недела за промена на работното место. Во наредните денови ќе бидете принудени да правите повеќе компромиси.

Љубов – Марс во Јарец не ви одговара, па имате впечаток дека партнерот не ги разбира вашите проблеми. Ако сте во брак, ќе има расправии за станот и долговите. Обидете се да не влегувате во големи дискусии до крајот на неделата.

Здравје – уште полошо.

СКОРПИЈА

Работа – Нагласеното трето поле ви носи одличен период за преговори, бидејќи плановите ќе се реализираат побавно отколку што мислите. Ќе имате голема моќ на убедување, а не е исклучено да потпишете некој важен документ. Можно е пократко патување, а телефонот ќе ви ѕвони непрекинато следните неколку дена.

Љубов – Венера во Јарец ви носи флерт преку пораки, но со некој кој е во вашата непосредна околина. Тоа може да биде човек од соседството, но и некој што го познавате од околината. Ќе има договор за состаноци, но ќе бидете резервирани поради влегувањето на Венера во Јарецот.

Здравје – Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Влегувањето на Венера во Јарец укажува дека е одличен период од годината да барате повеќе пари на работното место. Тоа може да биде покачување или дури и повисока платена понуда за работа. Иако планетите во Јарец се побавни, па предизвикуваат бавно остварување на целите во кариерата, дефинитивно ќе успеете да ги остварите вашите амбиции. Одлична недела за пари .

Љубов – Меркур во Јарец укажува дека ќе имате контакт со личност која е финансиски стабилна. Тоа е некој кој е пред своето време, но фокусиран на кариерата. Сонцето во Водолија ќе предизвика необична комуникација во наредните денови, па внимавајте што кому ќе му кажете во наредниот период.

Здравје – Добро.

ЈАРЕЦ

Работа – Планетите во вашиот знак ви даваат посебна моќ да ги надминете сите препреки и да постигнете долгорочни планови. Ќе „газите се пред себе“ во позитивна смисла и ќе напредувате во бизнисот. Иако тоа нема да се случи преку ноќ, плановите што ги правите сега се клучни за иднината.

Љубов – Венера во вашиот знак ви дава посебен шарм но и можност да се заљубите. Ќе бидете многу привлечни за луѓето околу вас, па очекувајте промени во љубовта. Некои Јарци ќе работат на проширување на семејството и тоа е одличен период за такво нешто.

Здравје – Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа – Влегувањето на Сонцето и Плутон во вашиот знак претставува еден од најважните астролошки настани кој ќе донесе промени во сите области од вашиот живот. Овие промени ќе се одразат на деловната и приватната сфера. Доколку имате деловен партнер, можете да очекувате големи промени и неочекувани пресврти.

Љубов – Плутон и Сонцето во вас ви носат посебен сјај, но Плутон почнува да го прави своето, па вие полека но сигурно емотивно ќе се менувате. Водолиите кои се во брак се подготвуваат за промени, а ако врската е лоша, разводот може да биде неизбежен. Пред вас е период на судбоносни средби.

Здравје – Чувствително.

РИБА

Работа – Сонцето и Плутон во вашето поле на тајни укажуваат на огромни промени на работното место, а сето тоа најверојатно ќе се случи под „превезот на мистеријата“. Тоа значи дека за некои работи ќе дознаете дури подоцна, а советот е да не верувате во се што ќе слушнете. Ќе дознаете и кои се вашите тајни непријатели во овој период.

Љубов – Меркур во Јарец во аспект со Марс ви носи многу недоразбирања во комуникацијата со личноста за која се грижите. Ќе имате впечаток дека саканата личност инсистира на расправии и ви треба разбирање. Сатурн силно го менува вашето разбирање за љубовта до 2026 година.

Здравје – Психолошки проблеми.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име