Дома Твој Готвач Најстариот турски рецепт АЈЛЕ ќе ве освои со брзината на подготовка и...

Најстариот турски рецепт АЈЛЕ ќе ве освои со брзината на подготовка и мекоста

504
0

Ретко кој може да им одолее на турските слатки.
Ајле е познато турско слатко кое се подготвува на многу едноставен начин, а е совршено уживање со вашето омилено кафе.
Утринското кафе или кое било друго, е речиси незамисливо без деликатес, а сите турски рецепти се вклопуваат во овој ритуал. Брзиот ајле по стариот начин на подготовка ќе ве освои уште од првиот залак.


Состојки:

3 јајца
половина чаша шеќер
кисело млеко 180мл
масло 50 мл
брашно 1 чаша (наместо брашно може да се користи гриз)
прашок за пециво 12гр
какао 1 лажица
кори за пита (10 парчиња)
путер за подмачкување

Сируп:

шеќер 2 чаши
вода 2 чаши
сок од еден лимон

Подготовка:

Во едно тавче наредете ја кората за пита како хармоника, а потоа филот направете го од јајца, шеќер, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво и какао.

Сварете го шербетот и оставете го да се излади.

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги корите околу 10 минути, а потоа истурете ги со филот врз испечените кори. Колачот се пече на 180 степени околу половина час.

Топлиот колач прелијте го со ладниот шербет. Оставете го колачот да го впие шербетот, па ставете го во фрижидер и уживајте во најдоброто кафе.

Претходна објаваДали одите премногу често во тоалет? Може да укаже на сериозни здравствени проблеми
Следна објаваЈадењето јајце на ден не го зголемува холестеролот и има неочекувани придобивки за срцето

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име