Дома Твој готвач Најдобриот колач со вишни – одличен рецепт

Најдобриот колач со вишни – одличен рецепт

1664
0

Најдобриот колач со вишни – одличен рецепт

Совршена и полна со овошје.

Ова е неверојатно добар десерт, откако ќе го направите сите други рецепти ќе останат зад себе.

Неопходно е:

  • 5 јајца
  • 300 гр вишни и 200 гр. цреши
  • 200 мл јогурт
  • 200 гр брашно
  • 150 гр гриз
  • 100 мл масло
  • 100-159 гр шеќер
  • половона пециво

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат, додајте ги жолчките, па гризот, брашното, прашокот за печиво, маслото, јогуртот и сè убаво измешајте.

Обложете хартија за печење 30×20, истурете ја смесата и одозгора наредете вишни. Со прстите турнете ги малку во тестото за да не бидат сите одозгора.

Печете на 200 степени C првите 15 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете 40 минути.

Печениот колач се посипува со шеќер во прав со мирис на ванилин шеќер.

Сечете исклучиво ладно.

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото:

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име