Дома Твој готвач Намаз со путер од кикирики и какао (рецепт)

Намаз со путер од кикирики и какао (рецепт)

1201
0

Фантастичен намаз кој можете да го користите на безброј начини. Да го премачкате на леб, палачинки, колач, американски палачинки….

Состојки:

  • 200 гр путер од кикирики
  • 400 гр презрели банани (3 поголеми банани)
  • 10 гр рум шеќер (1 кесичка)
  • 1 лажица рум
  • 20 гр какао (1 лажица)
  • 80 гр шеќер

Подготовка:

Изгмечете ги презрелите банани со миксер, блендер или вилушка и додајте ги сите останати состојки освен путерот од кикирики.

Гответе на умерена температура пет до десет минути додека малку не се згусне.

Се трга од шпорет и се додава путерот од кикирики, се промешува и се прелива во теглички.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име