Дома Живот Многу луѓе ги консумираат погрешно: во кој временски интервал се земаат антибиотици...

Многу луѓе ги консумираат погрешно: во кој временски интервал се земаат антибиотици и пробиотици

1092
0


Антибиотиците и пробиотиците се комбинација која ќе ви помогне успешно да ги решите здравствените проблеми кои бараат антибиотска терапија

Многу луѓе ги консумираат погрешно: во кој временски интервал се земаат антибиотици и пробиотици?

Третманот со антибиотици е од суштинско значење за елиминирање на инфекциите и тие играат клучна улога во убивањето на лошите бактерии. Но, тие ги уништуваат и добрите бактерии кои се нормални жители на нашите црева, па дијареата може да биде последица и по земање антибиотици.

Која е врската помеѓу лошите и добрите бактерии

  • Антибиотиците ја менуваат рамнотежата во цревниот микробиом, што може да доведе до зголемување на количината и размножување на штетните бактерии. Нашиот имунолошки систем ги препознава овие „лоши момци“ и ќе се обиде да им се спротивстави и да ги уништи. Но, во тој процес се оштетува цревната слузница, доаѓа до воспаление и иритација. Последица на тоа е дијареа – објаснува д-р Хоберман.

Зошто се јавува дијареа при земање антибиотици и пробиотици

Резултатите од едно истражување покажале дека дијареата, како последица на земање антибиотици, погодува меѓу 5 и 39 отсто од пациентите, во зависност од тоа за кој антибиотик станува збор. Истражувањето исто така обезбеди докази дека пробиотиците можат успешно да ги решат дигестивните проблеми. Анализата на 34 други студии вели дека пробиотиците ја намалуваат инциденцата на дијареа предизвикана од антибиотици за 52 проценти.

Антибиотиците и пробиотиците не треба да се земаат заедно, еве зошто

Сепак, важно е да дознаете како правилно да ги земате. Ако се земе заедно со пробиотик, антибиотикот може да ги убие сите добри бактерии од пробиотикот, вели д-р Хоберман. Потребно е да се почека најмалку два часа од моментот на земање на едниот до времето за другиот лек, бидејќи тогаш нивото и на антибиотиците и на пробиотиците е ниско во цревата. Тогаш тие ќе можат соодветно да се апсорбираат. Нема разлика што се зема прво, се додека интервалот помеѓу двата лека е два часа, советува д-р Лоренс Хоберман и додава дека е важно да се продолжи со земање пробиотици најмалку една недела по завршувањето на антибиотската терапија.

Како да изберете соодветен пробиотик

Друг експерт, д-р Брајан Тран, препорачува употреба на различни пробиотици. На секоја кутија има етикета која наведува кои соеви на бактерии содржат капсулите. Лекарот ве советува да барате пробиотици кои имаат 5 до 10 уникатни соеви.

– Студиите кои споредувале пробиотици кои содржат само еден вид со пробиотици кои содржат повеќе, откриле дека оние со различни соеви се поефикасни во намалувањето на дијареата – вели д-р Тран. Тој додава дека треба да се земаат пробиотици со малку подолг или одложен ефект. Имено, кога земате пробиотици орално, ги изложувате на влијание на желудочната киселина и тоа го намалува ефектот кога ќе стигне до цревата, истакнува д-р Тран. Според него, пробиотиците со механизми за одложено дејство нема да испуштаат микроорганизми додека не стигнат до стомакот.

Што да се јаде при земање антибиотици и пробиотици и каква е важноста на пребиотиците
Пребиотиците се храна богата со влакна кои телото не може да ги свари. Како што минуваат низ дигестивниот тракт, тие ги „хранат“ пробиотиците што го населуваат. Со други зборови, тие помагаат да постојат нашите добри бактерии (пробиотици). Кога сте на антибиотска терапија, треба да јадете храна која е богата и со пребиотици и со пробиотици. Храната богата со пребиотици е:

зелје
глуварче
алги
спанаќ
лук, кромид и праз
аспарагус
банани
јаболка
јачмен
зоб
какао
ленено семе
корени на цикорија


Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име