Дома Твој Готвач Лесно се подготвува: Ќофтиња во сос

Лесно се подготвува: Ќофтиња во сос

1708
0

Вкусен ручек
Состојки за ќофтиња:
500 гр мешано мелено месо
1 јајце
1 главица кромид, ситно сечкана
3 чешниња лук, ситно сецкани
2 лажици презла
2 лажици сув билен зачин
1 лажица масло
сол
бибер
2 лажици мелена слатка пиперка

Сос:
500 мл пире од доматен сок
6 дл чаши вода
50 мл масло
3 лажици брашно
сол
1 лажица шеќер

Подготовка:

Измешајте ги сите наведени состојки за ќофтињата и оставете да отстојат најмалку 1/2 час во фрижидер, па формирајте топчиња со саканата големина.

Сос: На масло пропржете малку брашно, додадете пасирани домати, измешајте и полека додајте вода (сами одредете ја дебелината на сосот), па додајте зачини. Веднаш штом ќе зоврие, додадете по едно топче месо, намалете ја температурата (само да врие) и варете околу 40 минути. Послужете со пире од компири.

Претходна објаваНАПИЈТЕ ЧАША ВОДА ВО 6 ЧАСОТ Светот полуде по овој метод, а еве зошто…
Следна објаваОва е главната причина зошто не ја постигнувате идеалната тежина

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име