Дома Твој готвач ЛЕБЧИЊА СО КАШКАВАЛ ПРЕЛИЕНИ СО ЛУК ВО ПРАВ, МАСЛО И РУЗМАРИН

ЛЕБЧИЊА СО КАШКАВАЛ ПРЕЛИЕНИ СО ЛУК ВО ПРАВ, МАСЛО И РУЗМАРИН

1172
0

ЛЕБЧИЊА СО КАШКАВАЛ ПРЕЛИЕНИ СО ЛУК ВО ПРАВ, МАСЛО И РУЗМАРИН

Вкусни залаци кои нема да ве остават рамнодушни…

КОМПОНЕНТИ:

100 мл топло млеко
1/4 свеж квасец
2 лажички шеќер
1 јајце
100 мл масло
300 гр брашно
1 лажичка сол

150 гр гауда

Прелив:
50 мл маслиново масло
1 лажичка свеж рузмарин
1/2 лажичка лук во прав

ПОДГОТОВКА:

Во топлото млеко измешајте ги шеќерот и квасецот, па оставете да отстои
Потоа додадете ги останатите состојки, со последното брашно
Оставете го да нарасне 45 минути, а за тоа време подгответе го кашкавалот и премазот
Кашкавалот треба да се исече на коцки
Подгответе го премазот со додавање на ситно сечканиот рузмарин и лук во прав во маслиновото масло
Кога тестото ќе нарасне, извадете го на набрашнета површина, расукајте го со сукало и исечете го на квадрати.
На секој квадрат ставете по една коцка сирење и затворете ја од сите страни, формирајќи топка
Наредете ги една до друга
Се пече во загреана рерна на 200°C
Кога топчињата ќе поруменат, извадете ги и премачкајте ги со преливот.
Послужете топли лепчиња и уживајте.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име